ТЕЈЛОР СВИФТ ГИ ИЗНЕНАДИ ФАНОВИТЕ СО НОВ ДВОЕН АЛБУМ ОТКАКО ДЕЛ ОД ПЕСНИТЕ ПРЕДВРЕМЕ ПРОТЕКОА НА ИНТЕРНЕТ

Њујорк, (Гардијан)

Тејлор Свифт ги изненади фановите со нов двоен албум, ден откако на интернет протекоа 16 песни од претходно најавениот албум „The Tortured Poets Department“. Најголемата поп-ѕвезда на денешнината го најави излегувањето на албумот на доделувањето на наградите Греми во февруари и песните почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи уште во средата.

Но, ноќеска, два часа по полноќ, Свифт ја објави втората половина од албумот со дополнителни 15 песни.

„‘The Tortured Poets Department‘ е таен двоен албум. Напишав толку многу измачена поезија во изминатите две години и сакав сето тоа да го споделам со вас, па еве го и вториот дел, ‘Антологија‘. И сега, приказната повеќе не е моја, ваша е“, кажа Свифт.

Овој, 11. албум на Свифт излезе само 18 месеци по нејзиното последно студиско издание „Midnights“, кое исто така предвреме протече во јавност, па сепак се продаде во 1,6 милиони примероци во САД во првата недела. Критиките за новиот албум се главно позитивни, а Свифт го напиша и продуцираше заедно со рок музичарите Џек Антоноф од „Бличерс“ и Арон Деснер од „Нешнал“.

(Фото: Гети)