ЦРНОГОРСКИОТ ВИОЛИНИСТ РОМАН СИМОВИЌ ГОСТУВА ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА, ЌЕ ДИРИГИРА ДАНИЕЛ РАЈСКИН ОД РУСИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (16 мај) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Искра“. Како солист ќе настапи еден од најуспешните црногорски и европски виолинисти Роман Симовиќ, кој е концерт-мајстор во Лондонскиот симфониски оркестар, Марински театарот и Минхенската филхармонија.

Симовиќ ќе го свири Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Димитриј Шостакович. На програмата се и Адаџото за гудачкиот квинтет во Ф-дур од австрискиот композитор Антон Брукнер и Симфонијата бр. 5, оп. 55 во Б-мол од Александар Глазунов, наречена „Херојска“.

На концертот ќе диригира маестро Даниел Рајскин од Русија. Во 2005 Рајскин стана шеф-диригент на Рајнската филхармонија, а во 2008 на филхармонијата „Артур Рубинштајн“ во полскиот град Лоѓ.