Британскиот музички магазин „Грамофон“ го вброи албумот „Варијации“ на Симон Трпчески меѓу најдобрите солистички пијано албуми на годината. Неговата изведба на два сета варијации на Бетовен се најде и на листата најдобри изведби на дела од големиот германски композитор во 2022 година, информира здружението за култура и уметност КултурОп.
Албумот го објави британската издавачка куќа „Лин рекордс“ во март годинава, а на него, Трпчески се претставува со ретко изведувани дела од Моцарт, Бетовен и Брамс.
„Трпчески на овој прекрасен албум ги истражува и очигледно ужива во тројцата мајстори на варијациите, Бетовен, Брамс и Моцарт“, истакнува „Грамофон“.