Членовите на поп-групата „Ај Кју“, македонскиот претставник на Евровизија, деновиве се во Лисабон, кадешто имаат проби пред настапот во полуфиналето на 8 мај, на 63. европско музичко натпреварување.
„Ај Кју“ со песната „Изгубено и најдено“ ќе настапат 11. по ред, на вечерта на која се и Хрватска, Австрија, Грција, Швајцарија, Финска, Ерменија…
На Евровизија годинава учествуваат 43 земји, втората полуфинална вечер е на 10 мај, а финалето е на 12 мај.
Пред годинашната Евровизија, во „Нано бар“ во скопско Дебар Маало утре ќе се одржи предевровизиска забава, со почеток во 21.30 часот.
На забавата ќе се пуштаат најголемите евровизиски хитови, вклучувајќи ги и оние на македонските учесници низ годините, како и новите песни од Евровизија 2018.