ЗАБОРАВЕНА ПЕСНА НА „РОЛИНГ СТОУНС“ СО ЏИМИ ПЕЈЏ КОНЕЧНО ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА

Њујорк, (Гардијан)

Заборавена песна на „Ролинг стоунс“ снимена со гитаристот на „Лед цепелин“ Џими Пејџ, конечно ќе биде објавена. „Скарлет“, за која се верува дека е именувана според ќерката на Пејџ, била снимена во октомври 1974 година.

Таа ќе се најде на новата верзија на албумот на „Ролинг стоунс“ од 1973 година, „Goats Head Soup“, заедно со уште две досега необјавени песни. Едната од нив е „Criss Cross“, снимена во 1972/73 година, што групата во неколку наврати ја има изведувано на концерти.

„Ролинг стоунс“ истовремено работи на нов албум со оригинален материјал, негов прв од „A Bigger Bang“ од 2005 година.