Гитарата на која свирел Џон Ленон стана најскапиот инструмент од „Битлс“ што некогаш бил продаден на аукција.
Акустичната гитара „Фрамус“ со 12 жици е пронајдена на поткровје откако се претпоставува дека била загубена повеќе од 50 години, рекоа аукционерите.
Продадена е за 2,9 милиони долари преку телефонска понуда во кафулето „Хард Рок“ во Њујорк.
Со оваа гитара, Ленон свиреше песна во филмот „Помош“ (Help) од 1965 година. Се користеше и на снимките на истоимениот албум.
Претходните продажби вклучуваат уште една од акустичните гитари на Ленон, која беше продадена за 2,4 милиони долари и комплетот за тапани на Ринго Стар, „Лудвиг“, кој беше продаден за 2,2 милиони долари.
Дејвид Гудман, извршен директор на „Џулиенс аукции“ рече дека „Фрамус“ е најважната гитара на „Битлс“ што некогаш се појавила на пазарот.
„Оваа гитара не е само парче од музичката историја, туку и симбол на трајното наследство на Џон Ленон. Продажбата е доказ за безвременската почит на музиката на ‘Битлс’ и Џон Ленон“, кажа Гудман.
ЗАГУБЕНА ГИТАРА НА ЏОН ЛЕНОН ПРОНАЈДЕНА ПО 50 ГОДИНИ, СЕ ПРОДАДЕ НА АУКЦИЈА ЗА 2.9 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Лондон, (Би-Би-Си)