ПРЕМИЕРА НА „ЛАВИНА“ НА ПОПЛАВСКА ДЕНЕСКА ВО ТУРСКИ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (30 април) од 20 часот, во Турскиот театар во Скопје премиерно ќе се изведе претставата „Лавина“, во режија на Наташа Поплавска. Турскиот театар ги користи просториите и сцената на Театар Комедија.

Текстот е на Тунџер Џуџенолу, а преводот на Џанан Али. Играат Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и Наџије Кеч.

„Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв?“, вели режисерката, која ги потпишува и сценографијата и костимографијата.

Изборот на музика го направи Ристо Вртев, а кореографијата е на Ирена Лозинска.