СЕМЕЈСТВОТО ПОВТОРНО ДА СЕ СОБЕРЕ НА ТРПЕЗАТА, РЕКОА НА ГАСТРОНОМСКИОТ КОНГРЕС ВО БИТОЛА ОД „СЛОУ ФУД МАКЕДОНИЈА“

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

„Дојди на трпезата“ беше насовот на вториот гастрономски конгрес на „Слоу фуд Македонија“ кој се одржа во Битола, со 70 делегати од целата држава.

„Нашата мисија е добра, чиста и здрава храна, здрава животната средина, да се грижиме за здравјето на луѓето и животните и да си сочуваме природните ресурси каде што се произведува нашата храна. Млади започнаа да размислуваат за свое парче земја и за храна која самите ќе ја произведуваат“, кажа Николче Николовски, претседател на Националниот одбор и член на Меѓународниот совет на „Слоу фуд интернационал“.

„Дојди на трпезата, во срцето на домот, ајде повторно да се собереме, да се видиме, да се слушнеме. Храната нека биде врската помеѓу нас, природата и културата. Да се обидеме да ги поврземе луѓето со природата“, се вели во декларацијата на организаторите на конгресот.

Промените што треба да ги направат во следниот квартал се начинот на производството и на видовите на храна, и ќе им се даде шанса млади жени од руралните средини и на маргинизираните групи.

„Слоу фуд Македонија“ постои 16 години и е дел од Интернационална мрежа што ја сочинуваат 160 земји во светот. За гостите на настанот беа послужени домашни специјалитети.

Ж. ЗДРАВКОВСКА