СВЕТСКИТЕ ХИТОВИ И ДЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА НАЈБАРАНИ НА САЕМОТ НА КНИГА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Редици од деца, тинејџери и возрасни деновиве се забележуваат вo ВИП арената „Борис Трајковски“, каде се одржува јубилејниот, 30. по ред Саем на книга.

Вообичаено, најбарана е детската литература, светските бестселери, но и македонските писатели (Фото: Ѓ. Личовски)

Годинава, слоганот е „30. години читаме со задоволство”, а учествуваат околу 70 издавачки куќи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и од Албанија.

Издавачите се задоволни од годинашната посетеност, иако, како што велат, на почетокот биле скептици поради промената на просторот. Книжевната манифестација до лани се одржуваше во халите на Скопски саем, кој, пак, треба да се руши годинава.

Годинава слоганот е „30. години читаме со задоволство” (Фото: Ѓ. Личовски)

Како и вообичаено, најбарана е детската литература, светските бестселери, но и македонските писатели.

Понудата на книги е разновидна, има саемски цени со попусти до 70 отсто за сликовници, боенки, бестселери, дела од познати автори од регионов и од македонски писатели и поети.

Годинава учествуваат околу 70 издавачки куќи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и од Албанија (Фото: Ѓ. Личовски)

Саемот ќе може да се посети до среда, до 20 часот. Билетот чини 30 денари, а влезот за сите групни и организирани посети на ученици е слободен.

Влезот за сите групни и организирани посети на ученици е слободен (Фото: Ѓ. Личовски)

За подобар пристап до Саемот, на барање на Скопски саем, ЈСП воведе две нови автобуски линии, кои водат до „Борис Трајковски”. Линијата 100/1 сообраќа од населбата Ново Лисиче до „Борис Трајковски“ од 11 до 19 часот, а линијата 200/1 од населбата Дексион до арената.

Саемот ќе може да се посети до среда, 9 мај, до 20 часот (Фото: Ѓ. Личовски)

Б. НЕСТОРОСКА