ТЕАТАРЏИИ ОД СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НА ПРЕМИЕРАТА НА „ДУХ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Голем број актери, актерки, театарџии од сите генерации, музичари и политичари синоќа го наполнија салонот на Македонскиот народен театар (МНТ) за премиерата на претставата „Дух“, работена по текстот на Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

Актерките Ѕвезда Ангеловска и Стојна Костовска (Фото: М. Златевска)

Гораст Цветковски го игра главниот лик Александар Мара, кому му е нанесена неправда и почнува борба за своите права, борба сам против сите.

Доајенката на македонскиот театар Љупка Џундева (Фото: М. Златевска)

Играат и Емил Рубен, Тања Кочовска, Тина Трпкоска, Нина Деан, Матеа Јанковска, Ивица Димитријевиќ, Оливер Митковски, Сашко Коцев, Јордан Симонов и Тони Михајловски.

Глумицата Ана Стојановска (Фото: М. Златевска)

Уметникот Велимир Жерновски е автор на сценографијата, а дизајнерката и професорка Лидија Георгиева на костимите.

Дел од екипата на „ПМГ“, режисерот Синиша Евтимов и Мирко Попов (Фото: М. Златевска)

Музиката е на Надежда Рубин, Ивица Димитријевиќ и на Јаниќијевиќ.

 

Поп пејачката Викторија Лоба (Фото: М. Златевска)
Сцени од претставата „Дух“ (Фото: М. Златевска)
Актерот Славиша Кајевски (Фото: М. Златевска)