Славниот руски театар Марински во Санкт Петербург постави балетска претстава со музиката на „Ролинг стоунс“, во кореографија на девојката на Мик Џегер, американската балерина Мелани Хамрик. Осумминутното балетско парче е насловено „Црвена врата“, а е инспирирано од познатите движења на Џегер.
Хамрик во претставата искористи некои од најголемите хитови на „Ролинг стоунс“, а Џегер (75) ѝ помогнал во изборот на музика.
„Се обидов да го пренесам тоа чувство на љубов и танц, како и неговото уживање кога е на сцена. Тој има уникатен стил на движење, некој вид на слободно движење, па се обидов да ја зграпчам суштината на тоа“, вели Хамрик.
„Беше импресивно. Интересно е да се видат песните кои сите ги знаеме на ваков начин. Кореографијата е оригинална и мислам дека сѐ беше одлично“, изјави танчарот Николас Мекеј.