На 10 мај, на Градскиот стадион „Билјанини извори“ од 11 часот ќе се одржи детска трка, во рамките на традиционалната манифестација „Охрид трчаТ“.
„Сите првачиња од територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе имаат можност да бидат дел од ‘Охрид трчаТ детска трка 2024’. Ова е неформална трка каде сите учесници ќе истрчаат по 100 метри поделени во групи. Оваа трка нема победници, на оваа трка сите се победници. Учеството е бесплатно и за сите учесници се обезбедени маица, медал, вода и подароци од партнерите на детската трка“, велат од „Охрид трчаТ“.
Целта на трката е децата да се научат на здравиот начин на живот и градење повисока свест за спортување.