ТАРАНТИНО ЌЕ НАПРАВИ ТВ-СЕРИЈА ОД „БЕШЕ ЕДНАШ ВО… ХОЛИВУД“

Лос Анџелес, (Индипендент)

Бред Пит откри дека ќе излезе ТВ-серија според новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во… Холивуд“. Тој потврди дека Тарантино размислува да го развие филмот во повеќе епизоди со сцени кои биле снимени.

„Да, тој доста зборува за тоа. Тоа е навистина возбудлива идеја“, рече Пит за „Њујорк тајмс“.

Првичната верзија на „Беше еднаш во… Холивуд“ изнесувала четири часа и 20 минути, додека филмот трае околу два часа и 40 минути. Неколку сцени кои беа објавени во промотивните трејлери и реклами на „Сони“ беа извадени од киноверзијата, а Тарантино ги исече и сцените со Тим Рот, Џејмс Марсден и Дени Стронг.

Ова не е првпат филм на Тарантино да стане ТВ-серија. Во април на „Нетфликс“ ќе почне да се емитува серијата во четири епизоди „Омразената осумка“.