ВЕЈН РУНИ ГО ДОБИ ЧЕТВРТИОТ СИН, МУ ДАДЕ ИМЕ СПОРЕД МУХАМЕД АЛИ

Ливерпул, (Сан)

Англискиот фудбалер Вејн Руни го доби четвртиот син и му даде име според друга спортска легенда.

Приновата во семејството ќе се вика Кас Мек, во чест на еден од најголемите боксери на сите времиња Касиус Клеј, попознат како Мухамед Али.

Неговата сопруга Колин им ја соопшти среќната вест на своите 1,3 милиони следбеници на Твитер и ова доаѓа само три месеци откако таа уште еднаш успеа да го спаси бракот, откако Вејн Руни беше фатен како ја изневерува додека беше трудна.

„Петчлениот А-тим сега е комплетиран! Добредојде на овој свет, Кас“, напиша Руни на Твитер, позирајќи со своите четири момчиња.

Извор близок до семејството откри дека 32-годишниот играч на Евертон е голем фан на боксот, па затоа се решил за вакво име.

И другите деца на Руни имаат кратки имиња: Каи, Клеј и Кит.