ВИЕНА ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД Е НАЈДОБАР ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО СВЕТОТ

Виена, (Си-Ен-Ен)

Виена е прогласена за најпогоден град за живеење на светот на годишната листа на Економист интелиџенс јунит. Организацијата рангираше 173 градови според здравствената заштита, културата, животната средина, стабилноста, инфраструктурата и образованието.

Виена е на врвот на листата трета година по ред, добивајќи „совршени“ оценки во четири од пет категории. Копенхаген го задржа второто место, а Цирих се искачи од шестото на третото место на листата.

Мелбурн падна од третото на четвртото место, додека канадски Калгари се изедначи на петтото место со Женева.

Цирих се искачи од шестото на третото место на листата (Фото: Гети)

Ванкувер и Сиднеј го делат седмото место, а Осака и Окленд ги заокружија првите 10 на заедничкото деветто место.

Иако Западна Европа имa 30 градови со просечна оценка 92 од можни 100, регионот забележа севкупен пад на оценките за стабилност, што се припишува на зголемените случаи на протести и криминал.

На дното на листата е главниот град на Сирија, Дамаск.