ДЕЈВИД ГИЛМОР ОД „ПИНК ФЛОЈД“ ЈА ПРОДАВА ЛИЧНАТА ЗБИРКА СО 120 ГИТАРИ

Њујорк, (Артдејли)
Mandatory Credit: Photo by Roger Goodgroves/REX/Shutterstock (5158276n) David Gilmour David Gilmour in concert at The Royal Albert Hall, London, Britain - 23 Sep 2015

Личната колекција на гитари на Дејвид Гилмор, гитаристот, пејач и текстописец на „Пинк флојд“, ќе биде ставена на аукција во „Кристис“ во Њујорк на 20 јуни.

Со повеќе од 120 гитари, збирката на Гилмор е фокусирана на селекцијата од неговите омилени „Фендер“ модели, а главна е препознатливата гитара од историските настапи, „блек стратокастер“ од 1969, проценета на 100.000-150.000 долари.

Ова ќе биде една од најголемите и најпредизвикувачки аукции на гитари досега. Колекцијата претходно ќе оди на турнеја во Лондон, Лос Анџелес и во Њујорк.

„Овие гитари беа добри со мене и повеќето од нив ми подарија парчиња музика низ годините, но сега е време да продолжат понатаму. Гитарите се направени за да се свири на нив и моја желба е, каде и да завршат, и на новите сопственици да им го даваат дарот на музиката. Со продажбата на овие гитари, се надевам дека ќе помогнам онаму каде што треба помош и преку мојата хуманитарна организација ќе направам нешто добро за светот“, изјави 72-годишниот англиски музичар.