Екипата на македонскиот документарец „Медена земја“ вчера во театарот Долби Лос Анџелес се дружеше со холивудските ѕвезди на традиционалниот ручек кој Академијата за филмска уметност и наука го организра во чест на номинираните за Оскарите.
Режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, заедно со кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев се фотографираа со легендарните Роберт де Ниро и Ал Пачино, со ѕвездите Леонардо Дикаприо, Бред Пит и режисерот Квентин Тарантино.
„Колку многу научивме за снимањето филмови од овие ветерани, и еве сме денес, рамо до рамо стоиме до нив, и сфаќаме што е тоа што ги прави бесмртни легенди: тие се обични смртници кои се родени како сонувачи и ќе умрат како сонувачи. Честа е на сите нам“, напиша Котевска на Фејбсук.
„Медена земја“ е номиниран во две катогории на Оскарите: за најдобар странски филм и најдобар документарец. Доделувањето на 92. Оскари е на 10 февруари вo Холивуд.