НА СВЕТОТ МУ Е НЕОПХОДНА УБАВИНА – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ОТВОРАЊЕТО НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

Балетските првенци: Марија Кичевска-Шокаровска, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Васил Чичиjашвили и Бобан Ковачевски, како и солистите, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) синоќа приредија импресивен омаж за еден од најзначајните композитори од светската музичка ризница Петар Илич Чајковски, на отворањето на 61. Охридско лето.

Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски (Фото: Ѓ. Наумовски)

Најголемата музичко-сценска манифестација во земјава се отвори со гала-балетскиот концерт „Големиот Чајковски“ на сцената на Античкиот театар . Уметниците ја изведоа балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“ , како и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“, за што беа наградени од публиката со бурни овации.

Aмбасадорката на САД Кејт Мари Брнз со директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ (Фото: Ѓ. Наумовски)

„Автентичната уметност ни ја нуди надежта и како личен и како колективен феномен, нè поттикнува да ја бараме вистината и да ја прегрнеме добрината. Како критичар на сите апарати и системи на моќта, уметноста нѐ охрабрува да не се помируваме со злоупотребите и да не молчиме пред неправдите. Дури и кога е игнорирана или забранувана, уметноста си го пробива патот меѓу луѓето, меѓу народите, јазиците и културите, ширејќи го просторот за свет со почовечки лик. За да не потоне во очај, на светот му е неопходна убавината. Таа, заедно со вистината што ослободува и со добрината што облагородува, може да ги помири луѓето, може да ја намали нивната болка, да ги поврзе генерациите и да му даде нова надеж на човештвото. А тоа ни е повеќе од потребно во секојдневието исполнето со сиви тонови“, рече претседателот Стево Пендаровски, кој е покровител на Фестивалот.

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска (Фото: Кабинет на претседателот)

До 20 август, на Охридско лето ќе има 34 концерти и шест театарски претстави, во кои ќе учествуваат над 500 уметници од 18 земји.

 

Фото: Кабинет на претседателот

 

Музичката селекторка Даница Стојанова, министерката за култура Ирена Стефоска и директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ (Фото: Ѓ. Наумовски)

 

Пораката во име на уметниците ја пренесе уметничката директорка на Балетот во Националната опера и балет (НОБ) Олга Панго (Фото: Ѓ. Наумовски)

 

Италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри меѓу гостите на Фестивалот (Фото: Ѓ. Наумовски)

 

Маестра Бисера Чадловска диригираше на концертот (Фото: Ѓ. Наумовски)

 

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески со сопругата Елена Георгиеска и директорката Поповиќ (Фото: Ѓ. Наумовски)
Македонската и албанската министерка за култура, Ирена Стефоска и Елва Маргарити вчера имаа заедничка седница во Охрид за УНЕСКО и заштита на Охридскиот Регион, а вечерта го проследија отворањето на Охридско лето (Фото: Ѓ. НаумовскиМинистерство за култура)
Фото: Кабинет на претседателот
Министерот за здравство Венко Филипче со директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ (Фото: Ѓ. Наумовски)
Охрид не е бетонски рај, туку мир, апелираше министерката за култура (Фото: Ѓ. Наумовски)
Поповиќ со евроамбасадорот Дејвид Гир и министерот за животна средина Насер Нуредини (Фото: Ѓ. Наумовски)