Утрешниот концерт на Филхармонијата, насловен „Гајрет“, е хуманитарен, зашто собраните средства од продадените билети ќе бидат донирани за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, соопшти Филхармонијата.
Како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и гостите од Турција, Бурџу Карадаг (неи) и Ајкут Коселерли (перкусии). Диригент е Лубнан Балбаки, а на програмата се Концертот во два става за солист на удиралки и оркестар од Љубомир Бранѓолица, Концертот за неи и оркестар „Хезафрен“ оп. 39 од Фазил Сај и Симфонијата бр. 8 од Антонин Дворжак.