Англија планира да воведе самовозечки автомобили на патиштата од 2021 година, но конкуренцијата од САД и од други држави е голема.
Токму затоа, се планира спроведување на проектот „Хјуман драјв“, кој предвидува градење на 320 километри долга патека за тестирање на самовозечки автомобили. Тестирањата е планирано да започнат од декември 2019 година.
Министерот за бизнис и енергија, Грег Кларк, го поздрави проектот.
„Возилата со ниска емисија на јаглероден диоксид се иднината и ќе бидат големиот чекор кон глобална револуција во транспортот, а проектите како ‘Хјуман драјв‘ се витални за реализирање на оваа амбиција“, кажа Кларк.
Проектот ќе се одвива во соработка со автомобилските компании „Рено“, „Нисан“ и „Мицубиши“, како и со универзитетот Карнфилд и јавното претпријатие за патишта на Британија.
Оперативниот систем на самовозечките автомобили ќе биде составен од податоците собрани од човечките возечки вештини, кои ќе видат снимени од симулатор на универзитетот во Лидс.
Многу автокомпании, како „Тојота“, „Нисан“ и „БМВ“ и „Форд“, имаат амбициозни планови да произведат вакви возила до 2020 година.