СРЕДНОШКОЛКА НАПРАВИ УРЕД ЗА ХАКИРАЊЕ ЗА ДА ПОКАЖЕ КОЛКУ Е ЛЕСНО ДА СЕ УКРАДАТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

19-годишната Сара од Берн, Швајцарија направи уред наречен „СпајПај“, станица специјално дизајнирана за да нѐ освести колку е важна заштитата на личните податоци, и преку која што секој може да види како е да бидеш хакер.

Наместо да го пишува на социјалните мрежи или да споделува флаери за подигнување на свеста околу прашањето на безбедноста на личните податоци, кои што никој не ги чита, Сара успеа да создаде платформа преку која што потенцијалните жртви на хакерството можат да се стават сами во местото на хакерот и на тој начин да видат со што сé располага еден вистински хакер.

„Во денешно време, технологијата е толку важен дел од нашиот живот, што честопати ги занемаруваме опасностите“, вели Сара, креаторката на станицата за етичко хакирање.
„Го создадов ‘СпајПај’, како дел од матурскиот проект , а клучна мотивација ми беше креирањето на нов начин на информирање за важноста на заштитата на податоци“, додаде таа.

Таа смета дека начинот на кој што луѓето лежерно ги земаат здраво за готово прашањата околу безбедноста на нивните лични податоци е вознемирувачки факт. А моментот што ја привлече да ја продлабочи нејзината работата на оваа тема беше воведувањето на новиот закон во Швајцарија во 2015 година, кој што им дозволи на разузнавачките и безбедносните агенции да собираат повеќе лични податоци отколку што им е потребено, со оправдувањето дека се работи за контрола врз тероризмот, елаборира таа.

„Едноставно бев шокирана од тоа како луѓето ја издаваа приватноста без никакво двоумење“, вели Сара. Таа заклучува со насмев: „Тешко е да ги заинтересираш луѓето за комјутерска технологија. Но едно нешто е заедничко за сите: Детската фантазија за да станеме хакери!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *