Американската фирма „Тауер пинкстер“ дизајнираше училиште во Мичиген чиј изглед треба да помогне да се намали бројката на жртви при евентуален терористички напад.
Целокупниот дизајн на средното училиште „Фрутпорт“, од обликот на зградата до кваките на вратите, е осмислен со намера да се ограничи ефикасноста на напаѓачот. Ваквиот пристап во градењето следи по зачестените масовни пукања во училиштата во САД изминативе години.
Концептот на училиштето, кое сѐ уште се гради, се состои од сегменти кои се поделени со двокрилни врати. Тие можат да се затворат со притискање на копче за време на напад и да ги изолираат учениците од напаѓачот.
Предниот дел ќе биде заоблен и ќе има застаклени делови за да се зголеми видливоста на тоа кој се приближува и влегува. Стаклата нема да пропуштаат куршуми. Ходниците исто така ќе бидат заоблени за да ја намалат видливоста на напаѓачот, а ќе има и бетонски паравани поставени наизменично зад кои учениците ќе можат да се сокријат. На вратите од училниците ќе има блокатори, кои ќе заштитат до 33 лица, 32 ученика и еден професор.