Политичари, уметници, директори на институции, филмаџии и многу повеќе битолчани отколку на отворањето имаше на синоќешното затворање на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Во изминатите денови, на ова 40. издание на фестивалот се славеше јубилејот со врвни имиња од филмската уметност, како Ед Лакман, Љупчо Константинов, Хозе Луис Алкаине, Џим Шеридан, Рајнер Клаусман, Фатих Акин, Џон Метисон и Најџел Волтерс. За овие осум дена, на пет локации беа прикажани 128 филмски наслови создадени од филмски уметници од над 50 земји.
„Јас се обидов колку што можам да бидам битолчанка. Не е лесно, но, еве, ќе се обидеме и понатаму да го чуваме духот на Битола, на урбана Битола која ги сака филмот и овој фестивал. Оваа година моето мото е ‘оние што прашуваат ја носат светлината’, таа на сите ни е потребна“, рече директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска.
ЗА ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „ДЕДО МРАЗ ДОЈДЕ СО ВОЗ“, ШТО ЌЕ СЕ ИГРА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ, СЕ РЕСТАВРИРАНИ ЛОКОМОТИВА ОД 1942 И ВАГОН ОД 1950-ТИТЕ