Поранешната тениска ѕвезда Марија Шарапова дизајнираше колекција на мебел во соработка со компанија од Ванкувер.
„Патувајќи низ светот, имав можност да видам како се испреплетуваат културата и дизајнот. Оваа колекција се роди од мојата страст за дизајн и е инспирирана од мојата љубов кон уметноста и архитектурата. Во партнерство со ‘Роув консептс’, мојата прва колекција за домот му оддава почит на мојот живот како спортистка, дизајнерка, вљубеничка во уметноста и бизнисменка“, изјави руската тенисерка.
Цените на парчињата мебел се движат од 499 долари за малата масичка „Марија“, па сѐ до 3.124 долари за седечка гарнитура.