„Данделјан“, луксузен хотелски бар на јужниот брег на реката Темза во Лондон, е прогласен за најдобар бар на светот, на церемонија што се одржа во Лондон.
А, само два дена порано, неговиот сопственик објави дека го затвора засекогаш.
„Вџашен сум од оваа почест“, изјави главниот коктел-мајстор Рајан Четијавардана, примајќи ја наградата што во овој свет се смета за еквивалент на Оскарите, по што на присутните им потврди дека локалот се затвора.
„На некој начин, сега е вистински момент. Работевме многу напорно и страствено и сега се наоѓаме на врвот во индустријата“.
На местото на „Данделјан“, сместен во хотелот „Мондријан“, Четијавардана и неговиот 32-член тим ќе отворат нов бар, со цел „да се предизвикаат себеси со нешто ново и иновативно“.
Дури десет од најдобрите 50 барови на светот се наоѓаат во Лондон, Њујорк ги има шест на годинашната листа, а Сингапур пет. Лондон го држи и второто место, ланскиот победник „Американ бар ет Савој“, додека трет е „Менхетн“ од Сингапур.
„Лондон убедливо е најдобриот град за јадење и пиење на светот“, признава Четијавардана.