СВЕТКИТЕ ДОМИНИРАА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ НА ОСКАРИТЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лос Анџелес, (разни извори)

Сезоната на награди во Холивуд заврши ноќеска со 96. доделување Оскари, а како и обично, црвениот килим беше вистински моден спектакл во вид на големо финале.

Америка Ферера

Според „Вог“, на црвениот килим доминираа изразени форми и силуети, отфрлајќи ја идејата дека моментот во победнички стил треба да биде рационализиран или безвременски. Забава беше зборот на ноќта.

Кери Малиган

„Ројтерс“ пишува дека доминираа фустани со јаки силуети, светки и кај жените и кај мажите и розовата боја инспирирана од „Барби“.

Марго Роби

„Би рекол дека креациите со црна боја беа тренд број еден. Блескаат и блескаат“, рече Адам Гласман, креативен директор во магазинот „О“.

Џенифер Лоренс

Според АП, во големата ноќ во Лос Анџелес имаше неколку модни ризици, но многумина се држеа до класичните силуети и црните и другите стандардни бои, иако изобилуваа и нежните бои и фустани во форма на сирена.

Ема Стоун
Ева Лонгорија

Критичарите како најдобро облечени годинава ги споменуваат Америка Ферера, Ема Стоун, Зендаја и Кери Малиган.

Зендаја
Флоренс Пју
Емили Блант и сопругот Џон Красински
Даниел Брукс
Ања Тејлор-Џој

Фото: Гети