Околу 400 учесници денеска трчаа низ центарот на Скопје на традиционалната Дедомразовска трка.
Таа се одржа по петти пат и се трчаа два километри. Стартот беше на плоштадот Македонија, па се трчаше преку порта „Македонија“ и паркот „Жена борец“ кон хотелот „Холидеј ин“ и мостот „Слобода“, од кадешто учесниците облечени како Дедо Мраз се симнаа на кејот на Вардар и преку Камени мост стигнаа на целта.
Трката, покрај забавен, имаше и натпреварувачки карактер. Беа прогласени најбрзите во машка и женска конкуренција, а сите деца до 10 години добија подарок пакетче.
Трката ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.