52 БАЈКИ СОБРАНИ ВО НОВА КНИГА НА „ЛИТЕРАТУРА“, ПРОМОЦИЈАТА Е НА 11 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новата книга за деца со најубавите бајки на сите времиња „Си беше еднаш“ ќе биде промовирана утре (11 април) во 19 часот во „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. На настанот ќе учествуваат уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе биде промоторка.

Книгата „Си беше еднаш“ е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Содржи 52 бајки од Ханс Кристијан Андерсен, браќата Грим и Шарл Перо, по една за секоја недела во годината.

„’Си беше еднаш’ е голема книга за малите читатели со нова, уедначена раскажувачка адаптација на Ќорвезироска и со раскошни илустрации од Лукомска, во која можат да се најдат и неколку бајки што првпат се преведени и адаптирани на македонски јазик“, најавува издавачот.