Денеска во 11 часот, во големата сала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се отвори 11. изложба на Архитектонски студија на факултетот.
Оттаму велат дека факултетот по 11. пат ги отвора вратите за пошироката јавност и ги трансформира своите училници во изложбен простор.
Ќе бидат изложени семестралните студентски трудови, работени за време на наставата во зимскиот семестар на учебната 2017-2018 година на Архитектонските студија на факултетот.
Во 12 часот, во просторот познат како „Сквер“ на факултетот, ќе се отвори уште една изложба на студентски конкурсни трудови и ќе се прогласат победниците на студентскиот конкурс на тема „Индустрија во град“.