Од 1 до 4 септември на летната сцена „Мирно лето“ во Кинотеката ќе се одржат Денови на германскиот филм, во организација на Германската амбасада Гете институтот.
Оттаму најавуваат дека разновидната програма содржи повеќекратно наградувани играни филмови како и пакет неконвенционални, автентични кратки филмови:
Отворањето е со драмата „Берлин Александерплац“, а ќе се прикажат и „Кожурец“, „Рока го менува светот“, како и кратки филмови. Влезот е слободен.
„Поради актуелната ситуација со ковид-19 и важечките заштитни мерки, изрично укажуваме на тоа да секој гостин постар од 18 години при влегување мора да приложи доказ за извршена вакцинација против ковид-19 со барем една доза или доказ за прележаност не постар од 45 дена. Покрај тоа, носењето на заштина маска е задолжително“, велат од Амбасадата.