ДНК ОД СТАР СКЕЛЕТ УКАЖУВА ДЕКА ЧОВЕШТВОТО Е ПОСТАРО ОД ШТО СМЕ МИСЛЕЛЕ

Прашањето за почетокот на човештвото отсекогаш бил голем предизвик за научниците. Анатомијата на модерниот човек располага со разни одлики кои што можат да се споредат со исти такви кај античките скелети. Меѓутоа, многу од старите скелети се делумни, нешто што го отежнува процесот на нивната идентификација.

Откритието на едно од последните истражувања во антропологијата укажува дека човештвото е многу постаро од што сме мислеле и се базира на пронајдениот геном од скелети од камено доба во јужна Африка. Генетиката и палеонтологијата одамна се согласиле дека Африка е родното место на модерниот човек.

Најраните модерни скелети биле пронајдени таму, а генетиката смета дека група на ловци-собирачи наречени Кое-Сан се нашите предци, поради тоа што имаат најширок генетски диверзитет.
Бидејќи диверзитетот се надградува со текот на времето, овој факт укажува дека тие се најстарите луѓе во планетата Земја. Од пресметувањата според фреквенцијата на мутации и вообичаеното време на размножување резултира дека заедницата Кое-Сан постоела дури пред 150.000 години.

Посебно восхитувачки феномен е помислата дека каков и да бил тој пробив кој нѐ направил „модерни“, сигруно предизвикал некаков вид унапредување на менталните способности што овозможило создавање на новата технологија.

Напишете коментар