ФЕСТИВАЛОТ ВИНОДОНИЈА СО ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИНА, ХРАНА И ЏЕЗ МУЗИКА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонски, српски и црногорски вина ќе се дегустираат на фестивалот Винодонија, кој ќе се одржува на 8 и 9 декември во скопскиот хотел „Мериот“ од 15 до 20 часот. Гостите ќе пробуваат вина од 80 винарии и 600 етикети, како и гурмански специјалитети од „Слоу фуд Македонија“.

„Винодонија ќе понуди едукативен пристап кон виното. Освен дегустации, ќе се одржат неколку работилници и мастер класови, а гостите ќе ги забавуваат домашни џез музичари“, вели еден од организаторите Дејан Донев и додава дека во Македонија има 305 регистрирани винарии.