Вечерва на Танц фест Скопје ќе се изведат две претстави во кино Фросина во МКЦ (20 часот).
Претставата „16 чекори до земјата“ е на грчката танцова компанија „А приори“, во кореографија на Елеонора Илију. Музиката е на композиторот Александрос Ризопулос, а асистентка на кореографот е Ана Папаниколау, која е студентка на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Според Илију, претставата е движечко истражување на грчкиот традиционален танц од регионот Епир, наречен загорисиос.
Во вториот дел на вечерта следи претставата „Код #9“ на Ивана Балабанова и Алесандро Ола, третонаградената претстава на реномираниот фестивал „МАСДАНЦА“ на Канарските Острови во 2022.
„‘Код #9“‘ за мене е значајно дело бидејќи ме доближи до еден нов процес на работа, кој резултираше со откривање нови внатрешни светови“, вели Балабанова.