ИГОР ЏАМБАЗОВ И ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГО СЛАВАТ РОДЕНДЕНОТ НА МАЕСТРО ЏАМБАЗОВ СО ЗАБАВНА ПРОГРАМА ВО ДЕБАР МААЛО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В сабота (3 февруари) од 12 часот, на денот кога е роден маестро Александар Џамбазов, неговиот син, актерот Игор Џамбазов и Општина Центар организираат серија активности во чест на познатиот композитор и диригент.

Настанот ќе се одржи во Дебар Маало во Скопје, во близина на муралот за маестро Џамбазов, кој на крајот од минатата година го направија уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка. Дел од активностите ќе биде и промоцијата на муралот и на книгата посветена на Џамбазов. „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“, од Бранка Костиќ-Марковиќ и Марко Коловски.

Во чест на маестро Џамбазов, кој беше иницијатор на фестивалот „Златно славејче“ и негов долгогодишен диригент, ќе пеат поранешните „славејчиња“ и „развигорчиња“, со кои ќе диригира Запро Запров. Ќе настапат и пијанистката Марија Ѓошеска и виолинистот Теодор Трајковски.