Младата кантавторка Дина Јашари ќе одржи акустичен концерт на 14 декември од 20 часот во „Салон 19:19“ во КИЦ, насловен „Како дома“. Минатата година во Белград, Јашари ја доби наградата „Милан Младеновиќ“ за песната „Дома“.
Дина Јашари досега има издадено пет синглови и миниалбумот „Дома“, а неодамна ја претстави новата песна „Не сум твој сон“.
Влезот на концертот е слободен.