ПОСЛЕДНАТА ЗАЧУВАНА СКУЛПТУРА НА ГОЛИОТ ТРАМП ЌЕ СЕ ПРОДАВА НА АУКЦИЈА

Њу Џерси, (АП)

Скулптурата на разголениот американски претседател Доналд Трамп ќе биде понудена на аукција.

Аукциската куќа „Џулијан“ соопшти дека ова е последната статуа која не била вандализирана или уништена, кога беше изложена заедно со оние во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес и во Кливленд, на неколку недели пред изборите во 2016 година.

Аукцијата ќе се одржи на 2 мај во Џерси Сити, Њу Џерси, а скулптурата, дело на колективот Индиклајн, се очекува да достигне цена меѓу 20.000 и 30.000 долари.