„Руска игра“ е насловен вечерашниот концерт од 20 часот на Македонската филхармонија, под диригентство на Борјан Цанев и со првиот тромбонист во Њујоршката филхармонија Џозеф Алези како солист.
Филхармонијата ќе ги изведе делата: „Адаџо за Јагода Сланева“ од македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, Концерт за тромбон и оркестар од францускиот композитор Анри Томази, како и балетот „Петрушка“ од рускиот композитор Игор Стравински.
„Алези е еден од најдобрите соло тромбонисти во светот. Неговите настапи, всушност, се вистински раритет, затоа што тој ретко изведува интерпретирани дела за тромбон, па затоа е и дел од многу аудиоизданија. За него ќе кажат дека е, веројатно, најдобриот жив тромбонист. Неговиот солистички репертоар е навистина широк и богат“, најавува Филхармонијата.