ПРВОТО БАЛКАНСКО СПИСАНИЕ ЗА ХИП-ХОП ЌЕ СЕ ПРОМОВИРА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (6 декември) од 18 часот, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе бидат промовирани првите два броја од меѓународното научно списание „Балкански хип-хоп студии“.

Во списанието се објавуваат културолошки студии и теми од музиката, лингвистиката, литературата, уметноста, танцот, историјата, социологијата, филозофијата, перформативните уметности и педагогијата. Списанието е плод на долгогодишните активности на организацијата Хип-Хоп Македонија за промоција, афирмација и унапредување на хип-хопот и урбаната култура, а се појавува по повод чествувувањето на 50 години хип-хоп.

Ова списание е прво и засега единствено од ваков вид во Македонија и на Балканот и во него учествуваат професори од повеќе универзитети од регионот. Надворешни соработници се македонските хип-хоп музичари Гоце САФ, Тони Зен, Кацар и Бугимен, како и Стефан Марковски и Биљана Миловановиќ-Живак. Автори на текстовите во двата броја се членовите на редакцијата, потоа Сузи Тенева, Дејан Методијески, Татјана Вукелиќ, Вангел Ноневски, Ристо Солунчев и Виолета Дамческа.

Списанието може да се најде во печатена форма и онлајн.