ШОН МЕНДЕС Е ГОЛЕМИОТ ПОБЕДНИК НА ЕВРОПСКИТЕ МУЗИЧКИ НАГРАДИ НА ЕМ-ТИ-ВИ

Лондон, (Дејли мејл)

Тејлор Свифт можеше да стане рекордер според бројот на освоени награди, а остана со празни раце на годинашното доделување на Европските музички награди на Ем-Ти-Ви, што се одржа на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Американската поп-дива, која тукушто издаде нов албум, имаше шест номинации, меѓу другото, и за најдобар артист, но оваа награда му припадна на 19-годишниот канадски пејач Шон Мендес, кој има и најдобра песна и освои награда од фановите.

Голем камбек на сцената имаше американскиот рапер Еминем, кој, покрај тоа што ја доби наградата за најдобар хип хоп изведувач, ја промовираше својата нова песна „Одење по вода“, што изненадувачки ја објави во петокот.

Се изненади од наградата бидејќи албумот допрва му излегува. – Еминем (Фото: Ем-Ти-Ви)

Не знам како воопшто ја добив оваа награда, бидејќи издадов албум пред неколку години, но сега ми излегува нов“, кажа Еминем.

И овие награди не можеа да поминат без политички забелешки, за што се погрижи актерот Џеред Лито, инаку, фронтмен на групата „30 секондс ту Марс“.

Ние сме од Америка, земја на доселеници и ве примаме со отворени раце“, рече Лито при примањето на наградата за најдобар алтернативен изведувач.

Најдобар поп изведувач е 20-годишната Кубанка Камила Кабелјо (Форо: Гети)

Листа на освојувачи на награди:

  • Најдобра песна: Шон Мендес, „Ништо не ме задржува назад“
  • Најдобар артист: Шон Мендес
  • Најдобро ново име: Дуа Липа
  • Најдобар поп изведувач: Камила Кабелјо
  • Најдобар рок изведувач: „Колдплеј“
  • Најдобар електро изведувач: Дејвид Гета
  • Најдобар хип хоп изведувач: Еминем
  • Најдобар алтернативен изведувач: „30 секондс ту Марс“
  • Најдобар спот: Кендрик Ламар, „Понизен“
  • Најдобар настап во живо: Ед Ширан