Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, има втора поставка на изложбата „Скопје, одново“, која во фокус го става процесот на основањето на Музејот и на неговата исклучителна меѓународна колекција.
Новата поставка на изложбата „Скопје, одново”, обработи нови аспекти и автори од колекцијата, вклучувајќи дела на некои од најзначајните автори, чии дела се дел од колекцијата на музејот, како Ники де Сен Фал, Дејвид Хокни, Ана Ева Бергман, Карлос Круз–Диез, Јон Григореску.
„Со замената на дела, уметничкото наследство се заштитува од надворешни влијанија за идните генерации. Дополнително, овој вид интервенција овозможува самата инсталација да живее и продолжи да се развива“, велат од МСУ.
Изложбата „Скопје, одново“ е резултат на соработката помеѓу МСУ Скопје и Амбасадата на САД во Скопје, а кураторки на изложбата се Ана Кац и Кумјана Новакова.