Фестивалот за класичен балет и модерен танц во Скопје по третпат ќе се одржи на 12 и 13 јуни. Ова е единствен фестивал од ваков тип кај нас, а го организира Детскиот културен центар Карпош, со поддршка на Град Скопје.
„Овој фестивал е референтна точка за сите вљубеници во балетската уметност и модерниот танц“, вели директорката Билјана Лалчевска-Серафимовска.
Фестивалската програма опфаќа класичен балет и повеќе современи стилови. Ќе учествуваат малите балерини од балетската секција на ДКЦ Карпош, балетското студио „Балерина“, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Оља Тодоровска и гости од Приштина и Љубљана.