Новиот роман на Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, во издание на „Три“, ќе биде промовиран вечерав во 19:30 часот во кафе-барот „Филхармонија“ во Скопје. Промотори на четвртиот роман на Димковска ќе бидат Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски.
Димковска двапати ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, а добитничка е и на германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“ и на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.