Стрипот „Древниот“ (Тhe Ancient) на авторите Марко Стојановиќ од Србија (сценарио), Милорад Вицановиќ-Маза од БиХ (цртеж) и Аљоша Томиќ од Србија (колор) е добитник на првата награда на 18. Mеѓународен стрип конкурс кој го распиша Стрип центарот на Северна Македонија со седиште во Велес. Стрипот и авторите се добитници на паричната награда која ја обезбеди Општина Велес.
Второто место го поделија Србите Дејан Богојевиќ и Ана и Сара Живковиќ за стрипот „Напад“, заедно со Романецот Даниел Данил за стрипот „Clocoiov“. Третото место им припадна на Катерина Тери Николова и Александар Стеванов за стрипот „Приказна за безбојното мече“ и на Исмет Ердиќ од БиХ за стрипот „Превид“.
Наградата за најдобар македонски стрип ја освои Ѓорги Антевски од Куманово за „Катарза“.
На конкурсот стигнале дела од 176 автори и за првпат досега, најмногу трудови имаше од Македонија – 106. Организаторот вообичаено наградата ја доделуваше на Меѓународниот стрип салон, кој годинава поради ковид-19 нема да се одржи.
П. ПЕЧКОВ