Холивудските ѕвезди Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат по две години брак.
Лопез поднесе барање за развод во Врховниот суд на округот Лос Анџелес, според судските документи што ги виде Би-Би-Си.
Двојката наречена Бенифер од таблоидите се венча во Лас Вегас во јули во 2022 и одржа со свадбена церемонија во Џорџија следниот месец.
Нивната романса започна откако се запознаа додека работеа на сетот на филмот „Џиљи“ во 2003. Тие првично планираа да се венчаат таа година, но ја прекинаа врската на почетокот на 2004. Речиси две децении подоцна тие ја обновија својата врска.
„Љубовта е убава. Љубовта е добра. И излегува дека љубовта е трпелива. Дваесет години трпеливост“, рече Лопез во 2022 откако ја објави венчавката во Лас Вегас.
Лопез, која законски го променила своето презиме во Афлек, не навела никакви детали за предбрачниот договор во нејзиното барање за развод.
Во документот поднесен во Врховниот суд на Лос Анџелес се вели дека и Лопез (55) и Афлек (52) треба да споделат финансиски информации, вклучувајќи ги нивните тековни приходи, расходи, имоти и долгови.
Судот ѝ даде на Лопез 60 дена да поднесе финансиски извештај, а Афлек ќе има уште 60 дена откако ќе ги достави своите информации да го стори истото. Ако некој не ги пријави или не ги ажурира финансиските информации, тоа може да резултира со судска санкција.
Во медиумите со месеци се шпекулира за крајот на нивната врска. Тие, наводно, ја ставиле својата куќа во Беверли Хилс на продажба за 65 милиони долари и биле сликани одделно како не ги носат своите венчални прстени.
Афлек, двократен добитник на Оскар, претходно беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, која ја запозна на снимањето на филмот „Перл Харбор“ во 2001. Тие се разделија во 2015 по една деценија брак и заедно имаат три деца.
Лопез беше мажена четири пати, прво со келнерот роден во Куба Ојани Ноа од 1997 до 1998, потоа нејзиниот поранешен резервен танчер Крис Џад од 2001 до 2003, па со пејачот Марк Ентони, со кој има близнаци, од 2004 до 2014.
Пејачката и актерка, позната како Џеј Ло, своевремено беше свршена и со ѕвездата на Њујорк Јенкис, Алекс Родригез.
Фото: Гети