АПЛАУЗИ И ЧЕСТИТКИ ЗА МАКЕДОНСКАТА „ВРБА“ ВО РИМ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ГАЛА ПРЕМИЕРАТА

Рим, (СМАРТ СДК.МК)

Македонските актерки Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, заедно со режисерот Милчо Манчевски, го свртеа вниманието на светските медиуми на синоќешната светска премиера на филмот „Врба“ на 14. Филмски фестивал во Рим.

Климоска, Манчевски, Тоциновски и Теодосиева на црвениот килим (Фото: Ѓ. Клинчаров)

„Премиерата помина со извици ‘Браво!’ и со петминутен аплауз од полната сала. По завршувањето на филмот, неочекувано, публиката стана, направи круг околу филмската екипа и френетично аплаудираше цели пет минути. Она што беше уште покуриозитетно, кога актерките прошетаа по најдолгиот црвен килим на светот во Аудиториумот Парко дела Музика, беа извикувани нивните имиња од италијански фанови и ги повикуваа да направат фотографии со нив и со режисерот Манчевски, кој е миленик на италијанските филмофили, а неговите филмови се вклучени во школската лектира“, велат од продукцијата.

Климоска, Тоциновски, Манчевски и Теодосиева (Фото: Зимбио)

На утринската новинарска проекција присустуваа над 80 медиуми, а на крајот од пресот, новинарите ја почестија филмската екипа со френетичен аплауз.

Продукцијата најавува дека многу скоро филмот ќе има македонска премиера и веднаш потоа ќе биде на редовниот репертоар во скопските кина.

Климоска, Тоциновски и Теодосиева (Фото: Зимбио)
Со екипата на филмот, на најдолгиот филмски црвен килим во светот помина и продуцентот Јане Ќортошев (Фото: Ѓ. Клинчаров)
Манчевски е миленик на италијанските филмофили (Фото: Ѓ. Клинчаров)
Манчевски со трите актерки на премиерата во Рим (Фото: Ѓ. Клинчаров)