ДЕНОВИТЕ НА ГЕРМАНСКИ ФИЛМ ПОЧНУВААТ НА 15 СЕПТЕМВРИ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Следната врата“, црна комедија-драма во режија на познатиот германски актер Даниел Брил, ќе ги отвори Деновите на германски филм на 15 септември во Кинотеката (20 часот). Ревијата ја организира Германската амбасада, заедно со Кинотеката, Центарот за балканска соработка „Лоја“ во Тетово, Домот на култура во Кавадарци и Европска куќа во Струмица и Крива Паланка.

Филмовите ќе се прикажат на германски јазик, со титлови на македонски и албански.

Цената на картите за Кинотеката во Скопје e 150 денари, а во останатите градови влезот е бесплатен.