Холивудските ѕвезди Дензел Вашингтон и Џулија Робертс ќе глумат во семејната драма на „Нетфликс“, „Leave the World Behind“, базирана на новиот роман на Руман Алам, што треба да излезе во септември. Тоа ќе биде нивни прв заеднички филм по 27 години пауза, односно од трилерот „Досието Пеликан“.
Сценарист ќе биде Сем Есмаил, авторот на хит серијата „Мистер Робот“.
Станува збор за приказна за две семејства кои не се познаваат, но се принудени да бидат заедно после масовно помрачување во Њујорк. Робертс ќе ја игра мајката од семејството кое ја изнајмува куќата, а Вашингтон ќе го глуми сопственикот.