ДОБИТНИКОТ НА ЗЛАТНА МЕЧКА И ЗЛАТЕН ГЛОБУС, ФАТИХ АКИН ДОАЃА ВО БИТОЛА

Битола, (СМАРТ.СДК.МК)
BEVERLY HILLS, CA - JANUARY 07: Actor Diane Kruger poses with director Fatih Akin and his award for Best Motion Picture Foreign Language (Germany, France) for 'In The Fade' in the press room during The 75th Annual Golden Globe Awards at The Beverly Hilton Hotel on January 7, 2018 in Beverly Hills, California. Kevin Winter/Getty Images/AFP

Германскиот режисер со турско потекло Фатих Акин, чии филмови се исклучително познати и омилени кај македонската публика, следниот месец ќе биде специјален гостин на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Јубилејното 40. издание ќе се одржи од 14 до 21 септември.

Акин е добитник на награди како Златна мечка во Берлин (2004) и Златен глобус за најдобар филм од странско говорно подрачје (2017).

„Акин ќе одржи работилница во Битола заедно со Рајнер Клаусман, наш лауреат. Акин е германски режисер со турско потекло, роден 1973 во Хамбург, уште таму живее. Почнал со кратки филмови, а потоа добивал светски награди за големи филмови. Златна мечка на Берлински фестивал, потоа со филмот ‘На работ од рајот’ награда на жирито во Кан за најдобро сценарио, во 2017 и 2018 најголемите награди за филмот ‘Од ништо’ и тоа Златниот глобус за најдобар филм од странско говорно подрачје, а годинава со ‘Златната ракавица’ на Берлинскиот фестивал“, вели Гена Теодосиевска, директорка на „Браќа Манаки“.

Фестивалот денес го претстави и видео спотот изработен за значајниот јубилеј на фестивалот, чија авторка е режисерката Дина Дума, кинематографер е Наум Доксевски, со актерката Наташа Петровиќ и на кој работеше бројна екипа. Годинашното мото на „Браќа Манаки“ е „ Кажи им на облаците“.

Ж. ЗДРАВКОВСКА