ФОН ТРИР И РЕВИЈА НА ОСКАРОВЦИ ОД ДЕНЕСКА ВО КИНАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Филмот на данскиот режисер Ларс фон Трир, „Куќата што ја изгради Џек“, од денеска игра во кината Милениум и Синеплекс.

Трилер-хоророт со Мет Дилон, Ума Турман и Бруно Ганц, зачинет со црниот хумор на Фон Трир, го следи убиствениот поход на сериски убиец низ неколку децении. Приказната се доживува од гледна точка на Џек, додека тој ни пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе.

Филмот имаше фестивалска премиера во ноември во Скопје, на Фестивалот на европски филм Синедејс.

Во Синеплекс денеска почнува ревија со најгледаните филмови кои сега се номинирани за Оскар. Цената за сите филмови е 200 денари. Меѓу осумте наслови се „Боемска рапсодија“, „Ѕвезда е родена“, „Блек Пантер“, „Потпретседател“ и „Одмаздници: Војна на бесконечноста“.