ЌЕ СЕ СНИМА „ЛЕДЕН ЗМЕЈ“, АНИМИРАН ФИЛМ СПОРЕД КНИГА ЗА ДЕЦА ОД ЏОРЏ Р. Р. МАРТИН

Лос Анџелес, (АФП)

„Ворнер брос“ е подготвен да продуцира анимиран филм базиран на постара книга од Џорџ Р. Р. Мартин, авторот на романите адаптирани во ултрапопуларната ТВ-серија „Игра на тронови“.

Во веста која прво беше објавена на сајтот „Дедлајн“ стои дека Мартин ќе продуцира филм што ќе се снима според „Леден змеј”, објавенa во 1980 година.

Книгата е напишана за млада публика, пред да се појави првиот роман од серијалот „Песна за мраз и оган” и не се одвива во Седумте кралства.

Фановите на Мартин со нетрпение ја чекаат неговата шеста книга, насловена како „Ветрови на зимата”, која е ветена уште од 2012 година. Кон крајот на април, авторот најави дека читателите ќе мора да почекаат до 2019 година за да ја прочитаат книгата. Осмата и последна сезона од ТВ-серијата, исто така, се очекува наредната година.